Левандовски постигна гол на деветтиот меч по ред во ЛШ и стана првиот фудбалер кому двапати му успеало тоа, Мбапе го постигна 30-от гол во ЛШ и стана најмладиот играч што стигнал до оваа бројка, Алер е вториот играч што постигнал четири гола на дебито во ЛШ, првиот со девет гола на првите пет настапи во ЛШ и најбрзиот до 10 гола во ЛШ, на шест меча…

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ГРУПНАТА ФАЗА НИЗ БРОЈКИ

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница направи пресек на постигнувањата на натпреварите во групната фаза во Лигата на шампионите (ЛШ) сезонава, па, така, Себастијан Тил од Шериф стана првиот играч од Луксембург што постигнал гол во ерата на ЛШ, а Педро Гонсалвеш од Спортинг постигна по два гола на два меча по ред и е единствениот португалски фудбалер кому му успеало тоа, по Кристијано Роналдо (седум пати). Во продолжение и некои други достигнувања сезонава.

  • Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, стана првиот играч што постигнал гол на воведните пет натпревари за англиски клуб во КЕШ/ЛШ. Манчестер сити, пак, заврши на првото место во својата група, петта сезона по ред, втора екипа од Англија со таков ефект, по Јунајтед, од 2006 до 2010-та.
  • Томас Милер од Баерн е осмиот играч што постигнал 50 гола во ЛШ, прв Германец во историјата на ова натпреварување.
  •  Во петтото коло, Роберт Левандовски постигна гол на деветтиот меч по ред во ЛШ и стана првиот фудбалер кому двапати му успеало тоа. Ова е 10-та последователна кампања во која тој постигнува пет или повеќе гола.
  •  Ливерпул, Ајакс и Баерн ја завршија групната фаза со максимални 18 бода. Досега тоа се случило 10 пати, на Милан, ПСЖ, Спартак Москва, Барселона, Реал Мадрид (двапати) и на Баерн.
  •  Лил, Салцбург, Севилја и Волфсбург беа во иста група и во конкуренција за пласман во нокаут-фазата до последното коло. Претходно тоа се случи пред 12 години (Барселона, Интер, Рубин Казан и Динамо Киев).
  •  Вторпат во претходните три сезони, Баерн ја заврши групната фаза со 18 бода и со 19 гола разлика. Ниту една друга екипа немала подобар ефект.
  •  Килијан Мбапе го одбележи 50-от натпревар во ЛШ со тоа што стана 11-от играч што постигнал 20 гола на гости во ова натпреварување. Но за тоа му беа потребни само 23 меча, помалку од претходните 10 играчи. Мбапе го постигна 30-от гол во ЛШ, стана најмладиот што стигнал до оваа бројка, на 22 години и 352 дена, соборувајќи го рекордот на Лионел Меси (23 години и 131 ден).
  • Себастијан Алер стана првиот играч што постигнал четири гола на дебито во ЛШ, по Марко ван Бастен во 1992 година. Алер е и првиот што постигнал девет гола на првите пет настапи во ЛШ, четвртиот што постигнал гол на првите пет меча, втор што постигнал гол на шесте натпревари во групата и најбрзиот до 10 гола во ЛШ, на шест меча.
  • Ајакс е втората холандска екипа што ги добила првите пет натпревари во сезоната во ЛШ, 50 години по Феенорд во сезоната 1971/72.
  • Интер имаше повеќе удари на гол од која било друга екипа во групната фаза, 117 на шесте натпревари.
  •  Мануел Нојер од Баерн го забележа 125-от во ЛШ и го помина Џанлуиџи Буфон на второто место на листата со најмногу настапи на голмани во натпреварувањето, зад Икер Касилјас (177). Роналдо стигна до 181-от настап во ЛШ, надминувајќи го Касилјас на врвот на вечната листа. Тој го подобри и својот рекорд на постигнати голови, 140.