Фото: Фејсбук

Осумнаесет македонски клубови заедно со 34 екипи од цела Австралија во изминатите три дена одиграа 65 натпревари пред три илјади гледачи на традиционалниот турнир „Масо куп“, одржан во Њукасл, во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс.

Фото: Фејсбук

Турнирот беше поделен на четири категории, а победници се Алтона меџик, Њукасл санс и Рокдејл Илинден во машка конкуренција, како и Бродмедоу меџик во женска конкуренција.

Алтона меџик од Мелбурн во наредните 12 месеци ќе го чува победничкиот пехар на Масо купот, откако го совлада Џелонг Македонија со 1-0 во Њукасл.

Македонската амбасадорка во Австралија, Билјана Стефановска-Сековска, го предаде пехарот на победничката екипа.

Фото: Фејсбук

Турнирот беше одржан по пауза од две години поради пандемијата на ковид-19.

Натпреварувањето на екипите од македонската заедница во Австралија беше организирано за првпат во 2008 година. Прв победник беше Алтона Меџик Вардар, а Рокдејл Илинден е рекордер со осум освоени пехари.

Фото: Фејсбук