Толку често го кажував тоа и очигледно никој навистина не слуша, мораме да се погрижиме да им дадеме доволно време на фудбалерите да се одморат, вели Клоп, менаџерот на Ливерпул

УЕФА и ФИФА мора да внимаваат што навистина сакаат. Ако имате уморни играчи на турнирите, немате висок квалитет. И Премиер-лигата треба да размисли, исто така. Една недела ќе станете светски шампион, на пример Англија, а потоа една недела подоцна сите очекуваат да бидете подготвени повторно. Тоа никогаш порано не се случило во историјата на фудбалот. Обично по секој турнир имате долга пауза. Овој пат повторно играте по една недела. Луѓето ми велат дека офкам или што и да е, но сите знаат дека тоа не е совршено, вели Јирген Клоп, менаџерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул, пренесе „Би-би-си“.
Во сезоната 2022/2023, групната фаза во Лигата на шампионите (ЛШ) ќе се игра во девет недели за разлика од вообичаените 13, а во Англија, секој што ќе игра во финалето на Светското првенство на 18 декември, ќе треба да се врати во Премиер-лигата осум дена подоцна за настап во редовното коло, пишува „Би-би-си“.
– Толку често го кажував тоа и очигледно никој навистина не слуша, мораме да се погрижиме да им дадеме доволно време на фудбалерите да се одморат. Сега имаме пет замени, што е апсолутно клучна и одлична вест. Но мораме да им дадеме одмор на фудбалерите за да можат да бидат играчи какви што можат да бидат, а не играчи што се изоставени поради интензитетот – вели Клоп, пренесе „Би-би-си“.