Фото: Принт-скрин

Легендарниот италијански фудбалски тренер Фабио Капело се огласи по елиминацијата на Италија од Македонија (0-1) во баражот за пласман на Светското првенство.

Италија доминираше во поседот на топката, имаше 16 корнери и 32 удари, од кои само пет одеа во рамките на голот.

– Долго време зборувам дека, го немаме потребниот квалитет, а го копираме стилот на Гвардиола од пред 15 години. Додека не ни стане јасно дека треба да го копираме германскиот модел нема ништо да направиме. Единствен италијански тим кој го направи тоа и има успеси е Аталанта – рекол Капело.

Поранешниот италијански селектрор и тренер на великаните Милан, Јувентус и Реал Мадрид ја пофали и Македонија.

– Македонија беше физички супериорна, беа побрзи, посилно, играа со поголема решителност. Мораме да го копираме германскиот модел, доколку сакаме да играме како Шпанците тогаш мораме да имаме подобра техника, а на тоа ниво никогаш нема да дојдеме. Треба да се копира германскиот фудбал кога станува збор за решителноста, треба да играме вертикално и во длабочина – заклучил легендарниот тренер.