За време на Светското првенство во Катар судиите беа повикани да го дополнат сето време што беше загубено во текот на полувремињата, па имаше дополнувања и од 14 минути. Се чинеше дека има нов тренд, но Светското првенство беше изолиран случај. Во првенствените натпреварувања малку или ништо не е променето, пишува „Марка“

Пред приближно една година шпанскиот дневен спортски весник „Марка“ објави анализа за тоа колку малку фудбал се играл во петте најсилни лиги во Европа, а сега, направи нов поглед за да провери дали има некаква промена, вкупно и на тимско ниво, во исто време од сезоната.
За време на Светското првенство во Катар судиите беа повикани да го дополнат сето време што беше загубено во текот на полувремињата, па имаше дополнувања и од 14 минути. Се чинеше дека има нов тренд, но Светското првенство беше изолиран случај. Во првенствените натпреварувања малку или ништо не е променето.
Фудбалот продолжува со истиот проблем, барем во петте најсилни лиги (Англија, Франција, Шпанија, Германија и Италија). Притоа, во три од нив, Франција, Италија и Германија, опадна времето на игра. Лига 1 уште е таму каде што се игра најмногу, но падна од 58,52 отсто на 57,86. Пад има и во Бундеслигата, од 56,89 на 55,73 проценти, а во Серијата А има најголем пад, од 57,49 на 55,66, пишува „Марка“.
Премиер-лигата се спротивставува, практично следејќи го својот процент. Во меѓувреме, Ла лига е единствената во која се зголеми времето на игра, иако речиси незабележливо, од 54,43 на 54,84 отсто. Но тоа е лигата во која уште има помалку ефективно време и покрај тоа што е онаа со највисок просек на вкупни минути на натпреварите, пишува „Марка“.
ПСЖ и Манчестер сити продолжуваат да бидат клубовите на чии натпревари во просек се игра најмногу минути и приближно ја одржуваат истата минутажа, околу 63,4, односно 62,1 отсто. Седум екипи се повторуваат во врвните 10, меѓу кои е Реал Мадрид, кој се искачува на шестото место, иако неговата ефективна минутажа благо опаѓа, од 60,4 на 59,4 отсто. Повторно гледачите во француската Лига 1 уживаат во најмногу минути фудбал, шест негови клуба се во врвните 10, а половина од првенството во првите 20.
Друга важна работа беше да се види еволуцијата на прекините. Тие се намалени во сите натпреварувања, освен во Серија А, која се искачи од речиси 94 по натпревар во просек на 99, во Франција и во Германија, како и во Шпанија падна најмногу, од 95 на 93, односно од 101 на 99. Премиер-лигата уште е во водство, со 92, пишува „Марка“.
Иако постои намера за промена, на фудбалот мора да му се даде повеќе време. За едвај една година тој не доби време да еволуира доволно за да го победи часовникот. Има зелен изданок и ќе мора да продолжи да го наводнува, пишува „Марка“. Н.М.