Фото: Твитер/Официјален профил на ЛШ

Само клубови од Англија и од Шпанија сезонава освоија трофеи во европските фудбалски купови. Од четири можни трофеи Англија ги освои тие за Лигата на шампионите (Манчестер сити) и за Конференциската лига (Вест хем) за мажи. Шпанија ги освои пехарите во Лигата на шампионите за жени (Барселона) и во Лига Европа за мажи (Севилја). Лани, на пример, четирите пехари ги освоија клубови од четири земји (Реал Мадрид од Шпанија, Ајнтрахт од Германија, Рома од Италија во машка конкуренција и Лион од Франција во женска конкуренција).