ФУДБАЛ

Баерн ја користи летната пауза за да постави нов хибриден терен за следната сезона и да го модернизира својот стадион пред Европското првенство (ЕП) во 2024 година и финалето на Лигата на шампионите (ЛШ) во 2025 година, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).

Работата на стадионот вклучува и претворање на некои места за седење во делови само за стоење, додавање повеќе седишта во други области и отстранување на редовите зад еден од головите за да се создадат дополнителни простори за инвалидски колички.

Капацитетот на стадионот ќе остане 75.000 гледачи. Од германскиот првак Баерн рекоа дека работите за реновирање на стадионот се изведуваат од безбедносни причини, по препорака на локалната административна канцеларија, пишува АП.

Стадионот на Баерн треба да биде домаќин на шест натпревари за време на континенталното првенство в година, како и на финалето на Лигата на шампионите во 2025 година.