Фото: ЕПА

Кога Алонсо беше назначен за тренер, Баер беше претпоследен, а 18 месеци подоцна е најдобар во Германија. Со оглед на тоа што 43 меча сезонава Баер е без пораз во сите натпреварувања, веќе не е чудно да се сугерира дека би можел да биде најдобриот тим во европскиот фудбал во моментов, пишува „Скај спорт“. Дел од доминантната Шпанија и играјќи под водство на Гвардиола, Алонсо, разбирливо, е посветен да игра со посед на топката. Освојувач на трофеи под водство на Бенитез и на Мурињо, тој знае како да направи тим што е тешко да се победи. Згора, има победа во ЛШ и под водство на Анчелоти. Соединувањето на тоа е друга работа, но, како што објаснува поранешниот напаѓач на Баер, Кирстен, Алонсо е невообичаен по тоа што има аура на одличен играч, без став дека веќе знае сѐ. Таквото знаење со подготвеност за учење е жесток коктел

Баер го обезбеди трофејот за фудбалски првак на Германија првпат во историјата на клубот, а досега е без загубен меч. Ако продолжи така и во преостанатите пет средби, Баер ќе го собори рекордот на Баерн од пред една деценија за најмногу бодови во една сезона во Бундеслигата, пишува „Скај спорт“. Тоа е извонредно достигнување. Во центарот на оваа приказна е тренерот Чаби Алонсо, пишува „Скај спорт“.
За да се објасни како се случи сево ова и колку е неверојатно дека се случило, треба да се види каде беше тимот кога Алонсо беше назначен во октомври во минатата сезона. Тоа тогаш беше тим што беше едно место од дното на табелата во Бундеслигата. Зборувајќи со спортскиот директор Сајмон Ролфс, не долго потоа, тој го наслика расположението во тоа време: „Почетната точка беше тим без доверба, играчи без доверба. Беше тешка ситуација, навистина тешка ситуација за Чаби“. Осумнаесет месеци подоцна Баер е најдобар тим во Германија. Со оглед на тоа што 43 меча сезонава Баер е без пораз во сите натпреварувања, веќе не е чудно да се сугерира дека би можел да биде најдобриот тим во европскиот фудбал во моментов, пишува „Скај спорт“.
Алонсо има педигре како играч и ја покажа својата посветеност да гради тренерска кариера. Дел од доминантната репрезентација на Шпанија и играјќи под водство на Пеп Гвардиола во Баерн, тој, разбирливо, е посветен да игра игра со посед на топката. Освојувач на трофеи под водство на Рафаел Бенитез и на Жозе Мурињо, тој знае како да направи тим што е тешко да се победи. Згора, има победа во Лигата на шампионите и под водство на Карло Анчелоти. Соединувањето на тоа е друга работа, но како што објаснува поранешниот напаѓач на Баер, Улф Кирстен, Алонсо е невообичаен по тоа што има аура на одличен играч без став дека веќе знае сѐ. Таквото знаење со подготвеност за учење е жесток коктел.

– Го добивате чувството дека е различен од другите тренери. Не можам да го објаснам тоа, тоа е само начинот на кој тој изгледа. Кога ги гледам другите тренери, тој е многу поскромен, сосема поинаква личност во споредба со другите тренери, кои, исто така, победуваа како играчи – вели Кирстен.
Алонсо наследи млад тим со темпо во контранапади, но сакаше да го спои тоа со потрпелив пристап. Сезонава Баер е трансформиран тим. Поседот на топката е зголемен од 51,8 отсто по натпревар на 63,4 отсто, најголем пораст од кој било тим во големите европски лиги. Но тоа е сѐ само не пасивна игра, Баер уште може да игра со контранапад, напредувајќи со брзина.

– Не е здодевно, не е долготрајно, полно е со контрола, но и ефикасно, и вршат притисок кон напред. Тие секогаш бараат пробивен пас. Тие се сигурни во поседот, сакаат да ја контролираат топката, но секогаш бараат да навлезат широко. Тоа е неверојатен начин да се игра и тоа носи успех – вели Кирстен.
Имањето играчи што можат да влезат од клупата е голем фактор за Баер да освои бодови доцна во натпреварите. Тимот на Алонсо освои најмногу, осум, од своите бодови со менување на резултатот по 75-та минутна. Згора, Баер победи на сите 23 натпревари во Бундеслигата на кои го постигна првиот гол на мечот, а прими и најмалку доцни голови, само три по 75-та минута.
– Она што најмногу се издвојува е нивниот менталитет, кога заостануваат со резултатот или кога немаат добри моменти во играта, тие секогаш можат да го свртат тоа и тоа е неверојатен квалитет. Тоа го знаат и противниците. Против Баер никогаш не сте сигурни за резултатот, тие секогаш можат да постигнат по еден или два гола во 90. минута за да ремизираат или дури и победат, а тоа е голем квалитет што тимот го има – вели Кирстен.
Она што Алонсо веќе го постигна заслужува да се издвојува како една од одличните сезони во европската историја, пишува „Скај спорт“. Н.М.