Иако гостите водеа со 2-0 и 3-1, сепак спасија бод во седмата минута од судиското дополнување

ФУДБАЛ – БУНДЕСЛИГА

Во првото коло од германската фудбалска Бундеслига, екипите на Аугсбург и Борусија Менхенгладбах одиграа ефикасен натпревар, кој заврши без победник, 4-4, полувреме 3-3. Иако гостите водеа со 2-0 и 3-1, сепак спасија бод во седмата минута од судиското дополнување.
Ова, всушност, беше и најефикасното реми воопшто кога и да се одиграло во првото коло на Бундеслигата од нејзиното создавање пред 59 години (24 август 1963).
Неколкупати крајниот исход беше 3-3, а последен пат овој конечен резултат беше виден на натпреварот помеѓу Шалке и Хамбургер во 2013 година. Осум гола на еден натпревар од првото коло не се гледаат често, а беа потребни дури 34 години, додека Баерн Минхен не го декласира Шалке со 8-0 во 2020 година.
Два гола за Борусија постигна чешкиот напаѓач Томаш Чванчара, засилување што дојде од чешкиот клуб Спарта Прага. Негов беше и голот од пенал во судиското продолжение (97. мин.).
Гигантот од Менхенгладбах последен пат имал играч што постигнал најмалку два гола во првото коло во далечната 1967 година. Тоа се случило во победата против Шалке во Гелзенкирхен (4-3), а со хет-трик се истакнал германскиот фудбалер Петер Мејер.
Г.И.