Фото: Твитер

Атлетико Мадрид и Бенфика се пласираа во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони откако вечерва славеа минимални победи со 1-0 на гостувањата кај Манчестер јунајтед, односно Ајакс.

На „Олд Трафорд“ во Манчестер, победничкиот гол за Атлетико го постигна Ренан Лоди во завршницата на првото полувреме. На првиот меч во Мадрид беше 1-1, па шпанскиот тим со вкупни 2-1 оди во следната фаза.

Со минимални 1-0 победи и Бенфика во Амстердам против Ајакс. Голот вреден четврт-финале го постигна уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез во 77. минута. Првата средба која се одигра во Португалија заврши со резултат 2-2.

Претходно, пласман помеѓу осумте најдобри во елитното фудбалско натпреварување изборија Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер сити и Ливерпул.

Ждрепката за четврт-финалето на турнирот ќе се одржи в петок.