УЕФА донесе шокантна одлука да го исфрли Манчестер сити од Лигата на шампионите во следните две сезони и да го казни богатиот тим со 30 милиони евра поради прекршување на финансискиот фер-плеј.

Актуелните шампиони од Премиер лигата добиваат ваква изненадувачка казна поради тоа што трошат повеќе отколку што имаат, но тие можат да се жалат пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС).

Независниот оддел за финансиска контрола (ЦФЦБ) вака ја оправда својата одлука.

– По сослушувањето на 22 јануари на ЦФЦБ, со претседавачот Жозе да Куња Родригеш, денеска ги известивме Манчестер сити за казната која ја добиваат. Тие направија сериозни прекршувања на правилата за финансиски фер-плеј со лажирање на податоците за парите од спонзорите од 2012 до 2016 година. Манчестер сити се исфрлени од натпреварувањата на УЕФА во следните две сезони (2020/21 и 2021/20) и ќе треба да платат 30 милиони евра – се вели во соопштението на УЕФА.