Пари Сен Жермен ќе игра против Реал Мадрид, а Интер против Ливерпул, како резултат на повторената ждрепка за осминафиналните двојки од Лигата на шампионите (ЛШ). Ждрепката во Нион, Швајцарија, беше влечена по вторпат поради технички проблеми со софтверот.

Интересно е што бранителот на трофејот Челси повторно беше извлечен против француски Лил, како и при првичната ждрепка.

Првите дуели се закажани на 15/16 и 22/23 март, а реваншите ќе се играат на 8/ 9 и на 15/16 март.

Осминафинални двојки

Салцбург – Баерн Минхен
Спортинг – Манчестер Сити
Бенфика – Ајакс
Челси – Лил
Атлетико Мадрид – Манчестер јунајтед
Интер – Ливерпул
ПСЖ – Реал Мадрид
Вилареал – Јувентус