Македонски фудбалски легенди попладнево на помошниот терен на Работнички одиграа ревијален натпревар против ветераните на белградска Црвена звезда по повод празникот 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.
Мечот помина и во дружење на многу фудбалски легенди, меѓу кои Кирил Дојчиновски, Методија Спасовски, Дарко Панчев, Илија Најдоски, Кочо Димитровски, Тони Мицевски, Митко Стојковски, Драган Џаиќ, Владимир Петровиќ, Јован Ачимовиќ, Милош Шестиќ…