Фудбалерите на Лајпциг го елиминираа Манчестер јунајтед од Лигата на шампионите со победата од 3-2 на домашен терен, во возбудливиот меч од последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

На гостите им беше потребно да останат непоразени за да обезбедат пласман во осминафиналето, но не успеаја откако ривалот стекна предност од 3-0 во 69-та минута. Јунајтед потоа постигна два гола но немаше сили за израмнување.

Вториот меч од истата група Х помеѓу ПСЖ и Башакшехир беше прекинат во првото полувреме при резултат 0-0 по инцидент во кој беше вклучен четвртиот судија. Не е познато кога ќе се доигра.

Јувентус беше убедлив против Барселона со 3-0 на гости во меѓусебното соочување на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси. Роналдо постигна два гола од пенал во победата со која неговиот клуб го обезбеди првото место во групата Г пред второпласираната Барса.

ГРУПА Е
Челси – Краснодар 1-1
Рен – Севилја 1-3
Табела: Челси 14, Севилја 13, Краснодар 5, Рен 1

ГРУПА Ф
Лацио – Бриж 2-2
Зенит – Борусија Д. 1-2
Табела: Борусија Д. 13, Лацио 10, Бриж 8, Зенит 1

ГРУПА Г
Барселона – Јувентус 0-3
Динамо Киев – Ференцварош 1:0
Табела: Јувентус 15, Барселона 15, Динамо К. 4, Ференцварош 1

ГРУПА Х
ПСЖ – Башакшехир 0-0 прек.
Лајпциг – Манчестер ј. 3-2
Табела: Лајпциг 12, 2.ПСЖ 9, Манчестер ј. 9, Башакшехир 3

Најдобрите два клуба од секоја група се пласираа во осминафиналето, додека третопласираните продолжуваат во нокаут фазата на Лига Европа