Фудбалерите на Бразил го одбранија златниот медал од Рио де Жанеиро откако славеа против Шпанија во финалето на олимпиоскиот турнир во Токио со 2-1 по продолженија.

Бразил дојде во водство преку Куња во судиското продолжение од првото полувреме, откако Ришарлисон промаши пенал во 38-та минута, а Шпанија изедначи преку Ојарзабал во 60-та минута. Малком го постигна победничкиот гол за Бразил во 108-та минута од продолженијата.

Бразил стана петтата фудбалска селекција која освои два златни медала едноподруго, повторувајќи го подвигот на Велика Британија (1908-1912), Уругвај (1924-28), Унгарија (1964-68) и на Аргентина (2004-08).

Фудбалерите на Мексико стигнаа до бронза совладувајќи ја Јапонија со 3-1 во мечот за трето место.