Погба (лево) и Алегри

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, се сомнева дека фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, би можел да се врати во Торино. Таквите гласини се актуелни од почетокот на оваа сезона.

– Мислам дека враќањето на Погба во Јувентус е малку веројатно. Немам такви илузии. Јас сум убеден дека ќе биде многу тешко Погба да се врати – изјави Алгери.

Французинот во моментов настапува за Манчестер јунајтед. Претходно во периодот 2012-2016 беше дел од Јувентус.