Фото: Маја Јаневска- Илиева

Македонската ракометна репрезентација го заврши својот настап на Европското првенство по групната фаза, откако ги загуби сите три натпревари.

Ако против Франција и Холандија македонските ракометарки беа целосно надиграни, денес во клучниот натпревар против Романија одиграа одлично прво полувреме, но следеше пад во второто и заслужен пораз од 23-31 (11-12).

Од групата Ц натпреварувањето го продолжуваат Франција, Холандија и Романија, а Македонија ќе се паласира од 13. до 16. место.

Најефикасна во репрезентацијата на Романија беше Кристина Неагу со десет погодоци. Одлична на голот кај Романија беше Дацијана Хосу со 11 интервенции. Кај Македонија се истакнаа Сања Дабевска со седум и Симона Маџовска со шест гола