Прв хотел во Тунис за домашни миленици

Иако хотелите за домашни миленици не се иновација во светот, Рахма Хадад беше првата што отвори место во Тунис што нуди сместување за кучиња и за мачки додека нивните сопственици се на пат. Рахма откри дека идејата да го отвори хотелот ја добила откако морала да патува и да го остави своето куче само дома, со оглед на тоа што во Тунис нема засолниште или хотел каде што би можела да го остави.
Пред пет години имав несреќа и морав да патувам и да го оставам кучето дома. Кога се вратив, видов дека е повредено. Тогаш решив да се ангажирам за животните, да направам нешто за луѓето што патуваат и немаат каде да ги остават своите миленици – откри Хадад за „Дојче веле“.
Рахма се грижи и за животни што немаат сопственик.
Нема закон да ги заштити. Немаат доволно храна. Тие се суштества на кои им треба помош. Секогаш ги наоѓам како сите ме чекаат заедно. Тие чекаат да ги хранам секој ден – вели таа.
Таа нагласи дека сака поголема свест за правата на животните во нејзината земја.