Фото: Пиксабеј

Здрава храна

Често слушаме дека сланината не е здрава и дека треба што помалку да ја јадеме, но дали е тоа всушност вистина? Сланината е полна со протеини и витамини, а нема многу јаглехидрати. Постојат неколку причини зошто треба да јадете сланина, без никакво каење, но и без да претерувате со нејзино консумирање.
Сланината е единствената храна што е солена и слатка во исто време: Покрај тоа, таа е вкусна. Сланината е солено-слатко уживање во кое овие два вкуса се рационално распоредени. Тоа е храна што ги спојува спротивностите.
Воопшто нема јаглехидрати: Спротивно на популарното верување, мастите не дебелеат, туку јаглехидратите. Науката потврдува дека можете да изгубите тежина со помош на диета со малку јаглехидрати. Многу луѓе мислат дека јаглехидратите ни даваат енергија, но тоа не е точно. Дури и нашите предци ја дополнувале својата енергија со масти. Мастите се многу поефикасни во одржувањето на енергијата.
Сланината е ултимативното оружје за мамурлак: Ништо не лекува мамурлак како мрсна сланина и шолја кафе. Тоа е универзална вистина.
Го намалува гладот: Сланината е богата со заситени масти, што значи дека ќе бидете посити подолго отколку ако јадете јаглехидрати. Ако сте гладни, слободно јадете сланина и ќе издржите од појадокот до ручекот или од ручекот до вечерата. Всушност, помеѓу сите оброци.
Полна е со витамини: Сланината е полна со есенцијални витамини од групата Б, кои ни се потребни за одржување на нашиот имунолошки систем. Таа содржи 65 отсто од препорачаното дневно количество на тијамин, 47 отсто нијацин, 38 отсто витамин Б12, како и 36 отсто цинк. Заборавете на мултивитамините и свртете се кон сланината.
Ја јаделе и нашите предци: Палео-исхраната е најновиот хит, но датира од античко време. Така се хранеле примитивните луѓе, пред преработената храна да стане дел од нашата исхрана.
Можете да ја јадете со секој оброк: Сланина за појадок, ручек и вечера. Сланината секогаш звучи добро, без разлика во кој дел од денот.
Богата е со протеини: Протеинот е клучна состојка во здравата исхрана, а сланината, за среќа, е полна со протеини, пишува „Елит дејли“.