Здрава храна

Сезона е на јапонското јаболко, кое во светот е познато и под името каки јаболко. Потекнува од Азија, а во Кина повеќе од 2.000 години неговиот плод е познат како лековито овошје. Ова портокалово или црвено-кафеаво овошје има многу здравствени придобивки, вклучувајќи и способност за подобрување на здравјето на очите, намалување на знаците на стареење, спречување разни видови рак, подобрување на варењето, зајакнување на имунолошкиот систем, намалување на холестеролот, зајакнување на коските и намалување на крвниот притисок.
Понатаму, јапонските јаболка можат да му помогнат на вашето тело да заздрави побрзо, да помогне во губење на тежината, да го намали воспалението и да ја подобри циркулацијата на крвта низ телото. Тоа е богато со голем број витамини, особено со витамин А, бета-каротин, лутеин, ликопен и криптоксантин. Овие витамини дејствуваат како антиоксиданти во телото, за да го намалат оксидативниот стрес и да го спречат предвременото стареење, како што се брчките, старечките дамки, Алцхајмеровата болест, заморот, губењето на видот, мускулната слабост и голем број други состојби.
Тим од јапонски истражувачи објави студија што го поддржува заштитниот потенцијал на одреден тип полифенол што се наоѓа во лушпата на јапонските јаболка, кој игра клучна улога против оксидативното оштетување во процесот на стареење. Јапонските јаболка може да се јадат свежи, сушени, сурови или варени, што го менува вкусот, но главно се слатки и меки. Ако се дозволи целосно да созрее, месото (внатрешноста на јаболкото) речиси може да се извади со лажица.