Фото: Пиксабеј

Здрава храна

Комбинацијата од смокви и маслиново масло е лековита и може да ги отстрани бактериите од цревата, да го спречи нивното размножување, а исто така е добра и за плодноста. Смоквите се меѓу најздравиот вид на овошје. Тие се одгледуваат во близина на море, каде што преовладува тропската клима. Збогатени се со разни лековити материи, а најмногу со витамините А, Ц и Е, но посебно се истакнува железото. Свежите смокви содржат помалку калории од сувите смокви, па затоа треба да знаете за каква цел и каква смоква да користите.
Во стаклена тегла ставете околу 30 парчиња суви смокви и прелејте ги со маслиново масло. Потоа добро затворете ја теглата и оставете ја 40 дена. Земајте по три смокви секој ден, по една пред секој оброк. Смоквите се ценети поради нивното изобилство на антиоксиданти, како што се каротини, танини, лутеин и хлорогена киселина. Освен тоа, свежите смокви содржат високи количества антиоксидантни витамини, како што се витамините А, Е и К. Антиоксидантите штитат од слободните радикали, чие деструктивно дејство може да доведе до предвремено стареење, деменција и кардиоваскуларни болести. Исто така, истражувањата покажуваат дека хлорогената киселина го балансира нивото на шеќер во крвта.
Мешавината од маслиново масло и смокви е одлична за чистење на цревата и за отстранување на токсините од телото.