Техно

„Нокиа“ најави два мобилни телефони на неодамна одржаниот Светски мобилен конгрес, а моделот „меџик макс“ ќе им конкурира на другите предводници на пазарот. Откако е во сопственост на компанијата „ХМД глобал“, „Нокиа“ е присутна на пазарот со андроид мобилни телефони од средна класа, минатиот месец го промени логото, а сега на МВК најави два нови паметни телефони „Ц99“ и „меџик макс“.
Меѓутоа, посебно внимание привлекува водечкиот „меџик макс“, кој ќе се напојува со процесор „снепдрагон 8 ген 2“ поврзан со 8, 12 или 16 гигабајти РАМ или 256 или 512 гигабајти внатрешна меморија. Ќе го користи оперативниот систем андроид 13, а се очекува да има 6,7-инчен АМОЛЕД-екран со брзина на освежување од 120 херци.
На задната страна ќе има три камери, главната од 144 мегапиксели, ултрашироката од 64 и телефото од 48 мегапиксели. Уредот би требало да се напојува од батерија со капацитет од 7.950 милиампер-часа, која за кратко време ќе се полни преку брз полнач од 180 вати.
Почетната цена на моделот „меџик макс“ ќе биде околу 550 долари, што ќе биде предност во однос на другите предводници, кои чинат најмалку 800 или 900 долари. Сѐ уште не е познат точниот датум на пристигнување на пазарот на споменатиот паметен телефон, но се очекува наскоро.