Фото: Пиксабеј

Миењето на косата еднаш неделно можеби не е добра идеја. И да, дури и кога вашата коса изгледа чисто.

Постои жестока дилема за тоа колкупати неделно треба да ја миете косата, но се надеваме дека конечно ќе ја решиме. Додека некои експерти велат дека миењето на косата еднаш неделно е во ред сѐ додека користите добар шампон и вашата коса добро реагира на тоа, другата страна има добри аргументи, пишува „Вог“.

Ако имате многу сува коса и не ја миете доволно често, вашата коса може да ја изгуби својата природна влажност со текот на времето.

Според фризерката Роза Фернандез, не се препорачува да не ја миете косата повеќе од една недела бидејќи фоликулите на косата се затнуваат и не добиваат кислород.
– Како некој што ја мие косата секој ден, секогаш по малку им завидувам на луѓето што можат да поминат денови без да ја измијат косата – вели таа.

На пример, стилистката на Кардашијан, Џен Аткин, рече дека може да помине четири или пет дена без да ја измие косата. Но, реалноста е дека и покрај тоа што косата изгледа чисто, поради надворешни фактори како што се загадувањето, чадот од тутунот, потта, таа станува загадена.

Според Фернандес, миењето на косата помалку од двапати неделно ги затнува фоликулите на косата и може да предизвика голем број проблеми, како што се лупење, чешање, чувствителност, првут, па дури и губење на косата.

Малите честички, кои се невидливи со голо око, го спречуваат правилното оксигенирање на коренот на косата, поради што се препорачува почесто миење, дури и ако имате густа коса и се чини дека не ви е потребно. Ефектот што го има загадувањето врз косата беше проучен уште во 1994 година од страна на Центарот за индустриска токсикологија во Лакнау. Во тоа време се покажа дека ПМ-честичките, чадот и загадувачките гасови се таложат на косата и предизвикуваат воспалителни реакции што можат да доведат до опаѓање и губење на косата.