Здрава храна

Му помага на телото да се бори против инфекциите: Ако барате едноставен, а сепак вкусен начин за зајакнување на вашиот имунолошки систем во сезоната на грип, тиквата е за вас. Покрај тоа што е богата со витамин Ц, кој помага за подобрување на функционирањето на имунолошкиот систем, тиквата е и богат извор на бета-каротин, супстанција на која телото се потпира за создавање витамин А.
Добра е за видот: Со оглед на тоа што тиквата е одличен извор на бета-каротен, таа позитивно влијае и на здравјето на очите. Витаминот А произведен од бета-каротен помага површината на окото (рожницата) да биде влажна и здрава.
Богата е со магнезиум: Тиквата, а особено нејзините семки, содржи многу магнезиум. Овој минерал игра важна улога во различни делови од телото, не само што ги поддржува мускулите и нервните функции туку е и незаменлив во процесите на производство на енергија. Магнезиумот, исто така, придонесува за зголемена густина на коските и може да ја спречи остеопорозата, состојба што ги погодува жените.
Го намалува ризикот од одредени болести: Тиквите се богати со антиоксиданси, молекули што можат да се спротивстават, да го забават или да го неутрализираат формирањето на слободните радикали. Всушност, антиоксидансите, делумно произведени во нашето тело, делумно внесени со храна, го поддржуваат одбранбениот систем, така што може да го спречи или поништи оксидирачкото дејство на слободните радикали, со што се намалува ризикот од хронични болести, како што се ракот и кардиоваскуларните заболувања.