Вечерва, со почеток во 20 часот, во „Лабораториум“, ќе се одржи промоција на поетската книга „Денар на валкан тротоар“ од Јовица Ивановски. Книгата ќе ја промовира Елизабета Баковска, а песни ќе читаат актерите Петар Арсовски и Емил Рубен. Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на осумнаесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на „Струшките вечери на поезијата“ за книгата „Човек“ (2019).