На седмата меѓународната изложба во Авил, Шпанија, со свое дело учествува и македонскиот уметник Златко Крстевски. Изложбата е поставена во „Палацо Валдерказана“, а учествуваат 54 земји, со над 200 уметници: САД, Јапонија, Франција, Кина, Полска, Мексико и др. Од Македонија единствен претставник е Златко Крстевски.
Се испраќаат исклучиво оригинални дела по физички пат, потпишани од авторите уметници. Изложбата, која се отвори деновиве, е тематска и ќе трае до 17 мај. Куратор на поставката е Рикардо Фернандез. Годинешна тема беше „Ел ориген“, а се однесува на теми како: потеклото, животот, раѓањето, колепката, почетокот, појавата, татковината, коренот, универзумот, јајцето, ембрионот, семето, видовите…
Организатор е фондацијата „Муниципал де цултура де Авилес“.