Во Кинотеката на Македонија од 21 до 25 јуни ќе се одржат Деновите на современиот мексикански филм. Станува збор за филмови од поновата мексиканска продукција. Програмата се реализира со поддршка на Амбасадата на Мексико во Белград, во соработка со Кинотеката на Македонија. Влезот за проекциите е бесплатен.

Циклусот почнува в петок со проекција на „Не е виновно детето“ од 2016 г., во режија и по сценарио на Густаво Лоза. Играат: Карла Соуза, Рикардо Абарка, Басини Сегура.
На програмата се и филмовите: „Почетокот на времето“ (2014) во режија на Бернардо Арелано, „Генерација Спилберг“ (2013) на Хибран Базан, „Кога ќе се вратат децата“ (2017) во режија на Хуго Лара.