Во книжарниците на „Три“ почна популарниот Зимски фестивал на книгата, кој се одржува секоја година. Настанот што традиционално ја заокружува читачката година и овој пат нуди новитети, попусти на сите изданија, како и дополнителни акции, промоции и наградни игри, кои ќе се случуваат од 21 декември до 31 јануари 2021.
– Фестивалот носи разновидна понуда на книги од сите жанрови, со сезонски попусти на над шестотини изданија, избор од 60 наслови по специјална цена од само 99 денари, екстра-попуст за купени три или повеќе книги и многу други изненадувања за читателите. Во пресрет на новогодишните празници и сезоната на подарување, фестивалот нуди навистина квалитетен и широк избор на книги за подарок – за себе, за блиските и за подалечните, вредни дела од најразлични жанрови и за сечиј вкус – вели издавачот.
Фестивалот почнува со ексклузивна промоција на две нови книги од најчитаниот автор на трилери во моментов, Ју Несбе, романите „Жед“ и „Нож“, 11-то и 12-то продолжение од прочуениот серијал за инспекторот Хари Хуле. Следуваат ексклузивни нови изданија: романи од Харуки Мураками, трилери од Шари Лапена и Карен Мекманус, нови книги од гуруата Тони Робинс и Брајан Трејси, Ошо и Дипак Чопра…