На 70. Фестивал на професионални театри на Војводина

Претставата „Ана Каренина“ на Новосадско позориште оствари апсолутна доминација на јубилејниот 70. Фестивал на професионални театри на Војводина – освојувајќи седум фестивалски награди. „Каренина“ е вброена во селекцијата покрај шест претстави на војводинските театри, а за наградите на фестивалот во Зрењанин, кој се одржа од 19 до 26 април, одлучуваше жири составено од режисерката и писателка Вида Огненовиќ, сценографот и костимограф Миодраг Табачки и актерот и професор Предраг Момчиловиќ. Новосадската претстава е прогласена за најдобро остварување во целина. Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Деан Пројковски, Тима Филеп и Арпад Месарош (толкувачите на Ана Каренина и Вронски) ги понесоа наградите за најдобра женска и машка улога, Валентин Светозарев за сценографија, Марија Пупучевска за костими, додека специјалната награда за сценско движење ѝ припадна на Олга Панго.