Ученици од Крива Паланка учествуваа на екокамп во Србија

Кон крајот на август годинава, тројца средношколци од СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, под менторство на нивната професорка по биологија Слаѓана Вучевска Петровска, учествуваа на Меѓународниот екокамп што се одржа во Вршац, Србија.
– Нашето училиште го претставија учениците Дејвид Пешевски, Бисера Ѓорѓиевска и Стефани Симонова, кои активно учествуваа во богатата едукативна, еколошка и дружељубива програма на кампот, заедно со ученици од повеќе држави. Особен успех постигнаа на завршниот натпреварувачки квиз, каде што здружени со двајца ученици од Србија го освоија третото место. Со овој резултат, тимот обезбеди учество на кампот и наредната година – информираат од училиштето.

Учениците ООУ „Ванчо Китанов“ од Пехчево ја одбележаа Европската недела на спортот

Преку забавни и динамични активности, учениците од одделенска настава при ООУ „Ванчо Китанов“ од Пехчево ја одбележаа Европската недела на спортот. Учениците покажаа спортски дух, тимска работа, ферплеј и позитивна енергија. Затоа, секое дете доби медал, бидејќи најважни се вклученоста, дружбата и радоста.
Настанот е во организација на Општина Пехчево во соработка со ООУ „Ванчо китанов“, а со поддршка на Министерството за спорт.
– Да бидеме активни, да се движиме и да уживаме во спортот – порачаа учениците. Подготвил: Ф.Д.