Дали сте знаеле…

Сер Хенри Кол, богат англиски бизнисмен, сакал да има картичка, која ќе може гордо да им ја испрати на своите пријатели и соработници за да им посака среќен Божиќ. На картичката било претставено типично англиско семејство што ужива во празниците и им помага на сиромашните, што било значаен дел од викторијанскиот божиќен дух. Илјадници копии од картичката биле испечатени и се продавале по цена од еден шилинг. Ова е првата новогодишна честитка што се печатела и се продавала низ широката народна маса.
Уште неколку интересни факти поврзани со новогодишните честитки:
– Во 1846 г., 1.000 честитки со истиот мотив како првата создадена новогодишна честитка биле продадени по цена од еден шилинг во Ризницата на Феликс Самерли (псевдоним под кој всушност се крие сер Хенри Кол) на улицата Бонд.
– Најчестиот мотив на викторијанските честитки бил поштар што носи божиќна пошта.
– Во 19 век, Британската поштенска служба имала обичај да ги испраќа честитките на божиќното утро.
– Првата божиќна поштенска марка настанала во Канада, во 1898 година.