Самостојна изложба на Филип Циглењак Симоновски (9) во ДКЦ „Карпош“

Во ДКЦ „Карпош“ во Скопје минатата среда беше отворена првата изложба на слики на малиот но голем уметник Филип Циглењак Симоновски (9). Изложбата ќе може да се погледне до 27 декември, а изложени се 40 дела.
Филип е ученик во четврто одделение при основното училиште „Ристо Крле“ во Кадино, а на четиригодишна возраст, сосема случајно, почнал да слика акрил на платно. Оттогаш сликите на Филип, кој има аутизам, зборуваат со силни бои и носат наплив од емоции.
Изложбата ја организираат детски културен центар „Карпош“, здружението „Во мојот свет“ и „Идеја лаб“.
– Со оваа изложба, Филип покажа колку е посебен, талентиран и единствен. Цртањето и сликањето се еден вид невербална комуникација, па, така, Филип на вистински начин го изразува своето внатрешно битие со околината, која со интерес ја следи неговата креативност – велат организаторите.