Литературно катче

Кога ќе се каже училиште на иднината, секој има свое мислење или идеjа како ќе изгледа тоа.
За дваесет години јас мислам дека училиштата ќе останат исти, бидејќи веќе со години ништо се нема сменето. Но тоа е само мое мислење…
Се разбира, имам желби и надежи како да се развиваат училиштата во иднина. Можеби ќе ѝ посветат повеќе внимание на компјутерската наука, вештачката интелегенција, па дури ќе воведат и предмет или час на кој ќе се учи за различни политики во мојот град, држава, но и во светот (клима, права итн.). Многу би било интересно да има предмети во кои ќе нѐ учат како да купиме автомобил, да продадеме куќа или слично.

Можеби ќе направат децата повеќе да го љубат училиштето, бидејќи тоа треба да се сака затоа што во него ние ги стекнуваме темелите на нашето знаење.
Училиштето е институција во која ги стекнуваме првите знаења, другари и оценки и со тоа ја градиме личноста што ќе станеме.
Но, за жал, многу деца низ целиот свет не го сакаат училиштето и малкумина се свесни колкава привилегија е да се оди на училиште и да се стекне знаење со кое подоцна можеби ќе го смениме светот.

Ученик: Михаела Монтана Гугуловски Училиште: „Димитар Миладинов“ – Скопје Одделение: 8-а