ООУ „Круме Кепески“ – Кисела Вода, Скопје, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на темата:
„Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот“.
На литературниот конкурс може да учествуваат ученици од шесто до деветто одделение од општинските основни училишта на територијата на нашата држава.
Комисијата, во состав:
Филип Димкоски – поет,
Татјана Пеливанова – професорка по македонски јазик,
Валентина Т. Стаматовска – професорка по македонски јазик, ќе ги одбере најдобрите литературни творби, кои ќе бидат објавени во стихозбирка посветена на Круме Кепески.
Литературните творби (поезија) да се испратат најдоцна до 5.3.2022 на следната електронска адреса: [email protected]
Со литературните творби да се испратат и следните информации: име и презиме на ученикот/ученичката, одделение, училиште, ментор.
Наградените ученици и нивните ментори ќе добијат дипломи за учество во електронска форма и по еден примерок од стихозбирката.