Испораката на возовите ги покажува стратегиското партнерство меѓу Кина и Португалија и потенцијалот за билатерална соработка на повисоко ниво

Првата испорака од метро-возови направени од кинеско претпријатие пристигна во Португалија неодамна. Тоа ја означи првата испорака на метро-возови произведени во Кина за земја на Европската Унија (ЕУ), соопшти кинеската компанија за „Глобал тајмс“.
Возот ги исполнува очекувањата на јавноста во однос на удобноста и безбедноста и ќе го издигне патувачкото искуство на локалното население, се цитира во изјавата на португалскиот министер за животна средина и климатски активности Дуарте Кордеиро. Кордеиро во интервју за кинеската новинска агенција „Синхуа“ рече дека „тоа е пример за воз што е приспособен на процените на метрото во Порто меѓу патниците и работниците“, откако ја посети кабината на возот и ги проба седиштата.
Возот е направен од „ЦРРЦ Тангшан“ и беше испорачан за метрото во Порто. Португалија е првата земја од ЕУ што купи метро-возови произведени во Кина. Кинескиот амбасадор во Португалија, Џао Бентанг, беше цитиран од изјавата на „ЦРРЦ Тангшан“ дека испораката на возовите ги покажува стратегиското партнерство меѓу Кина и Португалија и потенцијалот за билатерална соработка на повисоко ниво, се цитира Џао во изјавата.
Првиот воз ќе биде ставен во функција во мај, а сите возови ќе бидат испорачани до крајот на септември, по пробите и тестовите, според „Синхуа“.
– Усвојувањето на дигиталната технологија ќе ги намали трошоците за производство на возилата, а истовремено ќе ги направи попаметни, поеколошки и поудобни – рече Тан Му, генерален директор на „ЦРРЦ Тангшан“.
Во соопштението се истакнува дека метро-возот од новата генерација, заеднички дизајниран од „ЦРРЦ Тангшан“ и метрото во Порто, има карактеристики на мала тежина, мала потрошувачка на енергија и поголема дигитална интелигенција, во согласност со европските стандарди.
Возовите имаат максимална брзина од 80 километри на час и капацитет да превезуваат 244 патници, со 64 седишта, наведува „Синхуа“. Метрото во Порто ќе има 120 вагони, вклучувајќи ги и овие нови вагони, објави „Синхуа“.
Во октомври 2022 година, првата серија на метро-возови произведени во Кина беше испратена во Португалија преку пристаништето Тијанџин во Северна Кина.