Фото: Горан Анастасовски

УШТЕ ЕДНО ВАЖНО ОТКРИТИЕ НА КИНЕСКИТЕ НАУЧНИЦИ:

Кинеските научници открија методи за претворање на месечинската површина во плодна почва за одгледување билки. Според една студија, објавена во списанието „Комуникејшнс бајолоџи“, тие правеле експерименти во лабораторија и вовеле бактерии во лунарен реголит, односно симулирана месечинска површина, за да ја зголемат достапноста на фосфор, клучна хранлива материја за билките.
– Важноста на ова откритие е тоа што би можеле да ги употребиме тие микроби за да го претвориме лунарниот реголит во биоприфатлив супстрат за одгледување билки во идните лунарни стакленици – вели Јитонг Џиа од Кинескиот земјоделски универзитет, главен автор на студијата.
Киселоста на почвата предизвикана од бактериите го олеснила топењето на некои минерали што содржат фосфати, со што се ослободува фосфорот. Како резултат на тоа, билките одгледани во така третираната почва имале долги стебла, корења и повеќе лисја, во споредба со оние без микробни третмани.
Џиа вели дека голем е потенцијалот на ваквиот микробен пристап во одгледувањето билки во лунарни стакленици, нудејќи одржливо решение од транспортот на големи количества почва од Земјата на Месечината. Тоа може дополнително да го намали економскиот товар на транспортот од Земјата на Месечината.
Системот за одгледување билки на Месечината ветува дека ќе ги задоволи долгорочните потреби на екипажот за храна и кислород. Џиа вели дека, освен што е исплатлива, нивната микробна техника ја постигнала целта со многу помала потрошувачка на преносен капацитет во споредба со алтернативните планови.