Патничкиот авион од кинеско производство C919 деновиве го имаше своето прво официјално меѓународно промовирање на „Сингапур ершоу“, највлијателната меѓународна воздушна и одбранбена изложба на азискиот континент. Имено, станува збор за биенале на кое лидерите во воздухопловството и одбранбената индустрија се состануваат за да ја промовираат иднината на глобалната воздухопловна индустрија. Тоа е наедно шанса да се прикажат најновите достигнувања на техниката, така што експертите проценуваат дека тоа е вистинското место за промоција на С919. Патничкиот авион C919 ја имаше својата промоција со прелет на аеромитингот во Сингапур. Авионот C919 се очекува да биде ривал на авионите на „боинг“ и „ербас“.
На овој голем настан во светот на авијацијата, кој официјално започна во вторникот, кинеската државна компанија „Тибет ерлајнс“ објави нарачка за 40 авиони C919, објави кинескиот државен медиум „Глобал тајмс“.
Шукор Јусоф од „Ендау аналитикс“ рече дека C919 ќе биде „најпрегледуваниот авион на аеромитингот во Сингапур“.