Армијата на САД неодамна објави дека донела одлука за употреба на возилото за сите терени за студено време, познато и како КАТВ. Во нејзиното соопштение се вели дека испораката на оваа модернизирана опрема за мисии на Арктикот и екстремно ладно време е планирано да почне во четвртиот квартал од фискалната 2023 година, со центарот за обука на северно војување на американската армија Форт Вејнрајт, Алјаска, каде што ќе биде првата опремена единица. Договорот за набавка на овие возила има фиксна цена, во вредност од 278 милиони долари. Армијата има намера да купи 110 возила за активната армија и Националната гарда на Армијата.
Мобилноста на КАТВ му овозможува да се движи низ снег, мочуришта и плитки води, делумно благодарение на посебната кабина, која може да влече и модуларна приколка. Иако армијата на САД моментално управува со слично возило, дизајнот на возилото за зимски услови од времето на Студената војна е стар повеќе од половина век и треба да се замени.
Неопходна замена на застарената опрема
Генерал-мајорот Брајан Ајфлер, командант на 11-та воздушна дивизија и заменик-командант на Американската команда на Алјаска, оцени дека возилата за поддршка на малата единица биле одлични во своето време, но им е потребна замена во последните две децении. Новите возила ќе ѝ овозможат на специјалната арктичка единица способна, сигурна мобилност и ќе ја зголемат нивната можност за опстанок во најтешките временски услови на Алјаска и на Арктикот.
Иако возилата не се оклопни и затоа не нудат многу за заштита, тоа помага да се намали максималната тежина на возилото и во голема мера ја помага мобилноста преку копно. Поради тоа, КАТВ се истакнува како агилен транспорт на војници со висока издржливост. Бригадниот генерал Семјуел Питерсон, кој е извршен офицер на програмата на Армијата за борбена поддршка и борбена служба за поддршка, посочи дека програмскиот тим за возила за сите терени за студено време се фокусира на исполнување на акцентот на армијата за подобрување на мобилноста и преживувањето при екстремно студено време, со брзо набавување на модернизирана способност за поддршка на арктичката стратегија на армијата.
Единаесеттата воздушно-десантна дивизија се потпираше на оклопните возила со осум тркала „страјкер“, но тие се покажаа како слабо приспособени на операциите во студени води и честопати се мачеа на температури под нулата. Од таа причина, како што додаде бригадниот генерал Питерсон, тимот за управување со производи за заштитени возила со повеќе мисии презеде голем предизвик за брзо развивање и извршување стратегија користејќи ги сите овластувања и алатки достапни за да се насочи и забрза процесот на набавка на КАТВ.
Во соопштението на американската армија се објаснува дека возилата се очекува да влезат во употреба во 2023 година.