Електронските џинови чии уреди можат да се сместат во колоната „Произведено во Азија“ се моќни како никогаш досега. Најголемите осум компании од овој сектор се всушност произ­водители од различни делови на азискиот континент. Првата компанија надвор од Азија, производителот од Северна Каролина „Ханивел“, се најде на десетто место на најголемите компании за електроника и електрична опрема во светот, според рангирањето на „Глобал форчн 500“. Највисоко рангирана европска компанија е „Шнајдер електрик“ од Франција на 13-то место, со споредбено „слаба“ продажба од само околу 30 милијарди долари.

Гледајќи ја глобалната продажба, јужно­корејскиот конгломерат „Самсунг“ е најголемиот производител на електрични и електронски уреди. Компанијата со седиште во Сеул оствари приход од скоро 200 милијарди долари во 2019 година. Најголемиот конкурент на „Самсунг“ на пазарот на електрични апарати е тајванската „Хон Хаи пресижн индустри, која е позната и како „Фокскон технолоџи груп“. Компанијата лани регистрираше продажба од приближно 173 милијарди долари.
Традиционалните производствени гиганти, Јапонија и Јужна Кореја, сè уште доминираат на првите места на списокот и на нив се приклу­чуваат две тајвански компании. Но произ­водителите од Кина итаат кон врвот. Тие попол­нуваат три од преостанатите четири места на рангирањето од 15 места, а имаат едни од најви­соките стапки на пораст.