Според податоците што ги објави Бирото за статистика на Обединетите нации (ОН), Кина опфаќала 28,7 отсто од светското производство во 2019 година. Со тоа, државата е 10 отсто пред САД, кои претходно го држеа приматот во светот пред да ја преземе Кина таа позиција во 2010 година.
Со вкупна додадена вредност од кинескиот производствен сектор што достигна речиси четири илјади милијарди долари во 2019-та, нејзиното производство изнесуваше речиси 30 отсто од вкупниот економски капацитет. Американската економија многу помалку се потпираше на производството во изминатиот период, така што во 2019 година токму производствениот сектор изнесуваше нешто повеќе од 11 отсто од БДП.