Во рамките на Организацијата на Обединетите нации (ООН), од почетокот на украинскиот конфликт, генералната асамблеја од 193 членки гласаше за четири одделни резолуции што се однесуваа на различни прашања поврзани со Украина. Донесените резолуции се необврзувачки, што значи дека тие немаат правна сила, но секако дека тие се гледаат како израз на позицијата и на политичката волја на членките на меѓународната организација. На графиконот се прикажани искажаните ставови на поединечни земји на гласањата

Официјална позиција на државите во светот за руско-украинскиот судир

Од почетокот на украинскиот конфликт пред една година, генерално може да се каже дека светот се сегментира во три табори:

  •  држави сојузници на Украина;
  •  неутрални држави;
  •  држави што ја поддржуваат Русија.
    За сликовито да се увиди ваквата ситуација и за да се добие што посеопфатна слика за политичкиот став на една земја, еден вид индикатор е и гласањето на тие земји во ООН.
    Генералното собрание на ООН (УНГА) се состои од 193 земји-членки и е најширокото тело на таа организација, а кога одлучува за резолуции, секој член има еднаков глас.
    Резолуциите се необврзувачки, што значи дека тие немаат правна сила, но секако дека тие се гледаат како израз на позицијата и на политичката волја на членките на меѓународната организација. Веднаш по почетокот на украинскиот конфликт, ОН ја свикаа првата итна седница во последните 25 години. УНГА оттогаш гласаше за четири одделни резолуции што се занимаваат со различни прашања поврзани со Украина.
    Во продолжение е прикажано како овие земји гласаа за овие четири специјални резолуции.
  • Земји што гласаа за сите резолуции (102 земји):
  •  Забелешка: Ѕвездичка значи дека земјата отсуствувала од најмалку еден глас.

Авганистан*, Албанија, Андора, Антигва и Барбуда, Аргентина, Австралија, Австрија, Белгија, Бенин*, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Чад, Чиле, Колумбија, Коморите*, Костарика, Хрватска, Кипар, Чешка, ДР Конго, Данска, Џибути*, Доминика*, Доминиканска Република, Источен Тимор, Еквадор, Естонија, Федерални Држави на Микронезија, Фиџи, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Гренада, Гватемала, Хаити, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Брегот на Слоновата Коска, Јамајка, Јапонија, Кирибати, Летонија, Либан*, Либерија, Либија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малави, Малта, Маршалските Острови, Мавританија*, Маврициус, Молдавија, Монако, Црна Гора, Мароко, Мароко*, Науру, Холандија, Нов Зеланд, Македонија, Норвешка, Палау, Панама, Папуа Нова Гвинеја, Парагвај, Перу, Филипини, Полска, Португалија, Романија, Руанда*, Света Луција, Самоа, Сан Марино, Сао Томе и Принципе*, Србија, Сејшели, Сиера Леоне, Словачка, Словенија, Соломонски Острови*, Сомалија*, Јужна Кореја, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Бахамите, Турција, Тувалу, Украина, Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави, Уругвај, Замбија*.

  •  Земји што гласаа за или воздржано во најмалку една резолуција (47 земји):

Ангола, Бахреин, Бангладеш, Барбадос, Белизе, Бутан, Боцвана, Бразил, Брунеи, Камбоџа, Зелено’ртски Острови, Египет, Гана, Гвинеја-Бисао*, Гвајана, Хондурас, Индонезија, Ирак, Јордан, Кенија, Кувајт, Лесото, Мадагаскар, Малезија, Малдиви, Мексико, Непал, Нигер, Нигерија, Оман, Катар, Свети Китс и Невис, Свети Винсент и Гренадини, Саудиска Арабија, Сенегал, Сингапур, Јужен Судан, Суринам, Тајланд, Гамбија, Того*, Тонга, Тринидад и Тобаго, Тунис, Обединетите Арапски Емирати, Вануату, Јемен.

  • l Земји што беа воздржани во сите резолуции (16 земји):
    Ерменија*, Камерун*, Ел Салвадор*, Екваторска Гвинеја*, Есватини*, Гвинеја*, Индија, Монголија, Мозамбик, Намибија, Пакистан, Јужна Африка, Шри Ланка, Судан, Танзанија, Уганда.
  • l Земјите што гласаа против или воздржано во најмалку една резолуција (19 земји):

Алжир, Боливија, Бурунди, Централноафриканската Република, Куба, Еритреја, Етиопија*, Иран*, Казахстан, Киргистан, Лаос, Мали, Никарагва, Кина, Република Конго, Таџикистан, Узбекистан*, Виетнам, Зимбабве.

  • Земји што гласаа против сите резолуции (четири земји):

Белорусија, Северна Кореја, Русија, Сирија.

  • l Земји што не беа присутни кога се гласаше за сите резолуции (четири земји):

Азербејџан, Буркина Фасо, Туркменистан, Венецуела.

  • l Габон беше единствената земја што гласаше за или против резолуцијата.