Целта на воените вежби е понатамошно унапредување на соработката на полето на одбраната и безбедноста меѓу членките на БРИКС, како и за подобрување на капацитетите на сите учеснички во заедничката заштита на поморската безбедност

Заштита на поморскиот транспорт и економските активности како повод

Кинеското министерство за одбрана објави неодамна дека втората заедничка поморска вежба меѓу Кина, Русија и Јужна Африка ќе се одржува до крајот на февруари, со цел да се заштитат поморскиот транспорт и поморските економски активности во услови на интензивни напори на кинеската Народноослободителна армија (ПЛА). Целта е да се обноват размената и соработката со странски земји, вклучувајќи и пред јавноста да се претстави разурнувач на меѓународна изложба во Абу Даби, откако таквите интеракции беа попречени од пандемијата во последниве години.
Поради коментарите на западните земји, кои тврдеа дека таквата вежба е „контроверзна“, кинеските аналитичари истакнаа дека Кина има своја слободна волја да спроведе заеднички вежби со која било пријателска земја и дека вежбата ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот и заштитата на морските патишта за комерцијални бродови и не е поврзан со конфликти или тензии на друго место во светот.

Што ќе опфаќаат поморските воени вежби?

Според договорите постигнати од Кина, Русија и од Јужна Африка, морнариците на трите земји ја започнаа својата втора заедничка поморска вежба во морските и воздушните региони источно од јужноафриканскиот град Дурбан и заливот Ричардс од 20 февруари до 27 февруари, соопшти кинеското министерство за национална од одбраната. Темата на оваа вежба е заедничка безбедносна операција за заштита на морскиот транспорт и поморските економски активности. Во вежбите учествуваат разурнувачот „Хуајнан“ тип „052д“, фрегата „Риџао“ тип „054А“ и бродот „Кекисилиху“ тип „903А“ за сеопфатно дополнување од 42-та работна група за придружба на морнарицата на ПЛА, се вели во официјалното соопштение на кинеското министерство за одбрана.
Тоа е погодно за понатамошно унапредување на соработката на полето на одбраната и безбедноста меѓу членките на БРИКС, како и за подобрување на капацитетите на сите учеснички во заедничката заштита на поморската безбедност, се вели во соопштението за печатот.

Кои се целите?

Со кодно име „Моси-2“, заедничката поморска вежба започна во Индиски Океан во близината на брегот на Јужна Африка, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Африка, а пренесе руската новинска агенција ТАСС. Трилатералната вежба ќе биде од корист за сите земји-учеснички со усогласување на нивните оперативни поморски системи и подобрување на заедничката команда и контрола, ТАСС го цитираше министерот за одбрана и воени ветерани на Јужна Африка, Танди Модисе. Покрај кинескиот разурнувач, фрегата и брод за поддршка, јужноафриканската фрегата и два брода за поддршка, Русија вклучи фрегата и танкер, според ТАСС, кој исто така истакна дека руската фрегата ќе ја демонстрира хиперсоничната ракета „циркон“.
Ова е вторпат кога трите земји одржуваат заедничка поморска вежба, а првата се одржа во ноември 2019 година во југозападниот дел на Јужна Африка во Атлантски Океан, пренесе ТАСС. Заедничките вежби ќе придонесат за мирот и стабилноста во регионот, бидејќи трите земји имаат заеднички интереси во заштитата на морските патишта, кои вклучуваат клучни комерцијални активности во Индиски Океан од пиратски напади и други безбедносни закани, изјави воен експерт од Пекинг за „Глобал тајмс“.

Претставување на кинескиот разурнувач во Абу Даби

Разурнувачот „Нанинг“ со наведувани ракети од типот „052д“ на ПЛА во Абу Даби, ОАЕ, учествува на Изложбата за поморска одбрана и поморска безбедност (НАВДЕКС) по покана на војската на ОАЕ. „Нанинг“ ќе води пријателски интеракции, вклучувајќи семинари, посети и спортски натпревари со морнарицата на ОАЕ и бродови од други земји што учествуваат во НАВДЕКС, и ќе бидат отворени за пошироката јавност, истакна високиот полковник Лиу Веншенг, портпарол на морнарицата на ПЛА.
„Нанинг“ е дел од 43-та работна група за поморска придружба на воената морнарица на ПЛА до Аденскиот Залив и водите крај Сомалија, и учествуваше на мултинационалната поморска вежба АМАН-23, чиј домаќин беше Пакистан и на кој присуствуваа околу 50 земји во февруари.
Интензивните странски интеракции, вклучувајќи го и учеството во заеднички вежби и меѓународни изложби, покажуваат дека ПЛА проактивно ги зајакнува својата воена размена и соработка со другите земји во периодот по пандемијата, додека продолжува да се отвора кон светот, обезбедувајќи позитивни фактори за подобрување на разбирањето и да управуваат со разликите, велат експертите.