Кајманските Острови се одговорни за најголемите глобални даночни загуби, според најновите податоци. Процените од извештајот „Состојби на даночната правда во 2020 година“ укажуваат на тоа дека просечните годишни даночни загуби во светот изнесуваат 70,4 милијарди долари, поради злоупотребата на корпоративен данок и затајувањето данок што го овозможува оваа британска прекуморска територија. Сумата претставува една шестина од вкупните глобални даночни загуби.
Другите познати даночни оази како Луксембург и Британските Девствени Острови се исто така присутни на врвот на оваа листа, но токму Велика Британија е најблиску до Кајманските Острови со 42,5 милијарди долари, што претставува десет проценти од вкупните даночни загуби во светот.
– Глобален даночен систем што губи над 427 милијарди долари годишно не е расипан систем, туку е систем што е програмиран да не успее. Под притисок на корпоративните гиганти и од големите даночни оази како Холандија и мрежата на Велика Британија, нашите влади го програмираа глобалниот даночен систем за да им дадат приоритет на желбите на најбогатите корпорации и поединци пред потребите на сите други – нагласи Алекс Кобам, извршен директор на Мрежата за даночна правда.