Животни
Познато е дека кучињата се најдобри пријатели на човекот, но дури и тие можат да станат агресивни доколку сопственикот не се однесува соодветно со нив. Најчесто, кучињата не касаат без причина, но можат да гризат поради потребата да ги заштитат своите кученца, сопствениците или самите себе, тоа е нивниот начин да ги бранат оние што ги сакаат. Кучињата можат да нападнат други кучиња или луѓе и ако сопственикот не се однесува добро со нив, ако се трауматизирани или малтретирани. И во такви околности, некои раси се однесуваат поагресивно од другите, а според „Ворлд дог фајндер“, овие три раси се меѓу нив.
Канарско куче: Ова е многу силна, масивна и интелигентна раса, на која ѝ се потребни рана социјализација и обука. Тие не се најдобри за неискусните сопственици, бидејќи имаат силен ловечки инстинкт, а доколку сопственикот не им обезбеди доволно активност, може да станат деструктивни.
Ротвајлер: Ротвајлерот е исклучително силно куче, со широки гради, силен, исправен грб и силни нозе. Тие се многу лојални и приврзани и секогаш се подготвени да го одбранат својот сопственик, семејство и дом. Имаат развиен борбен и заштитнички инстинкт, поради кој штом почувствуваат опасност, тргнуваат во акција. Никогаш не лаат без причина и им треба слобода. Тие можат да бидат многу дисциплинирани ако нивниот сопственик има доволно авторитет.
Питбул: Питбулот е најчесто користена раса за борби на кучиња низ светот. Тие се исклучително силни и имаат многу силен загриз, па не е ни чудо што многу луѓе се плашат од нив. Овие кучиња порано го носеа прекарот дадилки, но по сите негативни работи за нив, многу луѓе ги гледаат сосема поинаку. Тие можат да бидат опасни и агресивни, но со соодветна дресура и рана социјализација може да станат феноменални миленичиња.