МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ ВО ТАРАНТО
Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски го освои деветтото место во скок во далечина на Медитеранските игри (МИ), кои се одржуваат во Таранто (Италија), со прескокнати 7,63 метри. Македонскиот рекордер во оваа дисциплина не успеа да настапи во финалето на натпреварите во скок во далечина. Неговиот личен и македонски рекорд изнесува 7,91 метри, остварен во 2023 година.
Медитерански првак за 2026 година стана Франческо Еторе Инцоли од Италија, со скок од 8,19 метри. Сребрениот медал го освои Филип Правдица (8,14 м) од Хрватска, а бронзениот медал му припадна Тарик Хочин (8,03 м) од Алжир.
Македонија досега освои пет медали на овие Игри во Таранто, од кои два сребрени и три бронзени. Сребрени медали освоија борачите Фати Вејсели (категорија до 74 кг) и Реџеп Хајдари (до 97 кг), а бронзени борачот Ахмад Могамедов (до 86 кг) и борачката Вероника Консевиќ (до 57 кг), двата во слободен стил, како и боксерот Ален Рустемовски (до 60 кг).
Според бројот на освоени медали, во водство убедливо беше Италија со вкупно 148 медали (50 злата, 55 сребра, 43 бронзи), пред Турција со 74 (34/15/25), Грција со 47 (17/16/14), Франција со 63 (17/14/32), Шпанија со 58 (13/21/24)…
Г.И.
































