Домување
Кога станува збор за присуството на бактерии во вашиот дом, тоалетот обично се смета за најголемо жариште, но некои студии докажаа дека кујната е дом на најмногу бактерии, и тоа на полиците со зачини.
Иако долго се расправаше за тоа кои предмети во домот имаат најмногу бактерии, новото истражување покажа дека ситуацијата е променета. Сунѓерот за миење садови, апаратот за кафе, штицата за сечење и мијалникот се сметаа за места што имаат најмногу бактерии.
Причината поради која кујната е полна со бактерии е храната. Храната содржи бактерии, а допирањето може да ги прошири бактериите на други површини и потенцијално да предизвика болест. Вообичаени бактерии што се наоѓаат во кујната се ешерихија коли, салмонела, шигела, норовирус и хепатитис A.
Студијата на Службата за безбедност на храна и инспекција на Одделот за земјоделство објавена во септември минатата година во „Џрнал оф фуд протекшн“ испитуваше кои кујнски предмети биле изложени на најголема вкрстена контаминација кога луѓето приготвувале зачинети мисиркини плескавици и салати. Додека повеќето површини биле позитивни на бактерии во 10-20 проценти од случаите, неверојатни 48 проценти од теглите со зачини користени за време на подготовката на хамбургерот биле позитивни на псевдоноровирус. Истражувањата покажаа дека штиците за сечење се на второ место како најконтаминирана површина, додека капаците на кантите за отпадоци се на третото место. Никогаш порано не се обрнувало внимание на полиците за зачини, па овие резултати се изненадувачки.