Некои сметаат дека авторите на анимираната серија „Симпсонови“ предвиделе многу настани во светот, а меѓу нив се и геополитичките амбиции на Русија. На оваа епизода потсетија корисниците на социјалните мрежи, а во неа е претставена реинкарнацијата на Советскиот Сојуз по неговиот распад. Прикажано е како Русија во Обединетите нации го менува своето име во Советски Сојуз, тенкови, војници што маршираат, обнова на Берлинскиот ѕид и оживување на еден од советските лидери Владимир Илич Ленин, кој порачува: „Морам да го уништам капитализмот“.
Алузиите за Русија од оваа анимирана серија значително се однесуваат на тоа како Русија моментално ги третира Украина и Западот. Во овој случај, рускиот претседател Владимир Путин е олицетворен во Ленин, додека некои веруваат дека Путин повеќе личи на руски цар од 21 век.
Причината зошто некои ги идентификуваат Ленин и Путин е изјавата на Путин дека распадот на Советскиот Сојуз е најголемата трагедија на 20 век. Оттука и заклучокот дека актуелниот претседател сака да ја направи Русија онаква каква што беше во времето на Советскиот Сојуз. Не е познато што имал на ум Мет Гронинг, креаторот на „Симпсонови“, при осмислувањето на епизодата од анимираната серија, но успеал да предвиди одредени настани.