Професионален и национален потег на колегите од „Нова Македонија“ за одбележување и пофалба

„Нова Македонија“, најстариот дневник во Македонија, во новогодишното празнично издание направи професионален и национален потег, за пофалба и одбележување, објавувајќи интервјуа со челниците на асоцијациите на етничките Македонци во соседството: Васил Стерјовски, Албанија, Стојко Стојков, Бугарија, Павле Васкопулос Филипов, Грција, и Горан Илијевски, Србија. Под заеднички наслов: „Новогодишни интервјуа со претставници на македонското малцинство во соседството“, во рубриката „Актуелно“, потписникот на интервјуата, колегата Далибор Станковиќ, на три последователни страници им дал можност на соговорниците да се искажат за низа сегменти од вековната и актуелна борба за остварување на човековите и национални права на македонскиот народ во четирите соседни земји. Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ во Албанија, на својот фејсбук-профил, најавувајќи ги интервјуата, напиша: „Со денешното интервју за весникот ’Нова Македонија‘ каде зборував за положбата на Македонците во Албанија – за нашите предизвици, но и за нашата сила и истрајност – Ви ја честитам Новата 2025 година во името на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Со искрени желби за добро здравје, радост и многу успеси за Вас и Вашите семејства, ја испраќаме старата година со благодарност и ја дочекуваме новата со надеж и верба во подобра иднина. Нека 2025 година ни донесе уште повеќе заеднички победи, единство и напредок за сите нас“!

Веле Митаноски

Авторот е новинар


Една од повеќето забележителни пораки од читателите:

Страниците со интервјуата се вистински и полн погодок.Таков потег досега не е направен во целокупната историја на македонското новинарство. За секоја пофалба.