Фото: Јованка Гроздановска

На час по кулинарство

Нашите мали пријатели, петтоодделенците од ПОУ „Браќа Миладиновци“ во селото Мршевци, Скопско (општина Илинден), кои ги посетивме на 1 ноември, во рамките на одбележувањето на 65-от роденден на „Колибри“, деновиве беа многу вредни и креативни.
Заедно со нивната наставничка Јованка Гроздановска, на час по кулинарство, тие направија вкусна пица, а потоа со сласт ја изедоа. Рецептот, се разбира, како и сите врвни готвачи, не ни го открија, но ни кажаа само едно, дека ставиле големи количества од еден специјален зачин, а тоа е – љубовта.
Фотографиите од овој интересен час денеска ги објавуваме на нашите страници.
Во некој од наредните броеви, во рамките на галеријата на „Колибри“, ќе ги објавиме и нивните интересни цртежи што ни ги испратија на ликовниот конкурс на слободна тема.
Им благодариме за соработката, на пријателството, насмевките и за дружбата и ги поздравуваме до нашето следно видување.

М.Т.