Македонската писателка за деца и возрасни Бистрица Миркуловска ексклузивно ни дозволи на страниците на „Колибри“ првпат да биде објавен нејзиниот магистрален сонет посветен на поетот и револуционер Коста Солев Рацин (Велес 22 декември 1908 – Лопушник, 13 јуни 1943 г.), по повод 80-годишнината од неговата смрт. Творбата е напишан пред два месеца

Рацин – Небодопир

Раце грнчарски стомни, грниња,
Ама и Ленка ја создадоа.
Цел свет в срцето го прибра,
Има ли бел ден над деновите
Надеж за сите страдни аргати?

Нели ти реков, нели ти кажав
Ем да не чекаш, ем да не пекаш?
Белите крилца кој ни ги искрши?
Од века ни било пишано
Да гинеме во каменоломи…
Од брег на брег, тенок мост.
Премин над бездни длабоки.
Изгреваат белите мугри…
Рекол и загинал на Лопушник

Секогаш со добра мисла и почит
Бистрица Миркуловска